fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Падна првиот снег во Македонија

Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.

На планинските предели, особено на Маврово и Попова Шапка, падна првиот снег за оваа есен, а на некои места веќе се формира тенка бела покривка која се очекува да се зголеми до 15 сантиметри.

За многумина, ова е прв сигнал дека зимата полека се приближува.

Денес ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Можно е да е слика од текст кој вели „AeH neToK (03. (03.10) 10) Ca6oTa (04.10 10) Bpeme HeAeлa (05.10 10) BeTep noHeAeлHиK (06. (06.10) BTopHиK (07.10) 10) (07. MиH.Tem. (°C) 2Ao7 0Ao5 0 Ao 5 MaK.Tem. (℃) Ao 11 -2Ao6 8 Ao 15 0Ao7 7 12Ao 18 1Ao8 Ao 8 11 Ao 18 13 Ao 20“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close