fbpx
Без категорија

Паѓа цената на откупот на млекото за 1 денар, сточарите гневни

Криза во млекопроизводството, цената на суровото млеко паѓа, трошоците на сточарите растат

КРИЗА ВО СЕКТОРОТ ЗА МЛЕКО
„Секторот за млеко во државата се соочува со сериозна криза. Во изминатиот период, откупната цена на млекото за фармерите е намалена за уште 1 денар по литар, што дополнително ја влошува нивната економска состојба.
Додека цената на млекото постојано паѓа, трошоците за исхрана на добитокот континуирано растат. Цената на тревата и луцерката е значително зголемена, при што една бала луцерка достигнува и до 5 евра, што го прави одгледувањето на добитокот речиси неодржливо.
Состојбата дополнително се усложнува поради фактот што субвенциите не се исплаќаат навреме, оставајќи ги фармерите без финансиска поддршка во критичен момент.
Доколку оваа состојба продолжи, сериозно се доведува во прашање опстанокот на фармерите, домашното производство на млеко и целиот синџир на прехранбено производство. Потребна е итна реакција од надлежните институции за поддршка на фармерите и стабилизација на пазарот на млеко, изјави Беким Беџети сточар од тетовско за Зелена берза.

 

Слични написи

Back to top button
Close