fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од извоз на вино-во 2023 остварен е девизен прилив од 57,7 милиони евра

Рекордна бројка од 173 мали семејни винарии или вкупно 255 регистрирани винарски визби

Во 2023 остварен е девизен прилив од 57,7 милиони евра. Споредно со минатата година, сме извезле вино со поголема вредност, што значи дека нашите вина се повеќе добиваат повисока откупна цена. Но, позади овој успех стои многу работа, многу вложен труд на лозарите и винариите, но и многу голема поддршка од државата.

„Денеска, благодарение на добрите политики, ние имаме рекордна бројка од 173 мали семејни винарии или вкупно 255 регистрирани винарски визби, а минатата година сме имале 164. Значи само за една година, сме мотивирале создавање на нови 91 винарии, да се охрабрат и да започнат сопствен бизнис. Тоа се 91 семејства, кои традиционалната пракса на производство на вино во домашни услови ја претвориле во мал бизнис. Наспроти нечии зборови дека никогаш не било полошо, напротив, овие бројки говорат дека никогаш не било подобро“ посочи министерот Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close