fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пак поскапуваат горивата

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а дизелот и екстра лесното за денар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а дизелот и екстра лесното за денар, од ноќеска на полноќ, со одлуката што ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 90,5 денари, а останува иста цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и ќе изнесува 92,5 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) со поскапувањето ќе чини 87 денари, додека новата цена на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 86 денари.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,964 денари и килограм ќе чини 48,268 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 15 месецов. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225 проценти, кај дизелот за 1,906 проценти , кај екстра лесното масло за 1,619 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,445 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close