„Пари“: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите?
Најголем работодавач е Дрекслмајер. Ланската просечна нето-плата во Дрекслмајер била 20.264 денари, а во државата 28.718 денари.
Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои работат, минатата година ја завршиле со добивка, а вкупниот износ на добивката е 58,8 милиони евра, или секој работник, во просек, креирал добивка од 2.292 евра годишно, или по 191 евра месечно (11.746 денари). Просечната нето-плата во овие десет компании заедно била 24.950 денари. Бројките доведуваат до интересен заклучок: нето-добивката креирана од секој поединец е речиси половина од вредноста на просечната плата.
Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, дава одговор на прашањето какви се просечните нето-плати во секоја од фирмите – најголеми работодавачи, и дали тие се соодветни на добивките.
Еве што покажуваат податоците:
ТОП 10 работодавачи – добивки и просечни плати
Компанија | Просечна нето-плата
(во денари) |
Добивка
(во евра) |
Број на вработени во 2021 год. |
ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ‒ Кавадарци | 20.264 | 2.700.000 | 5.626 |
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола | 24.693 | 2.500.000 | 5.368 |
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани | 21.788 | 4.400.000 | 2.185 |
НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје | 17.401 | 2.100.000 | 1.997 |
ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп | 22.789 | 318.000 | 1.996 |
МАКПЕТРОЛ ‒ Скопје | 33.659 | 22.300.000 | 1.870 |
АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје | 46.537 | 20.800.000 | 1.860 |
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип | 20.452 | 469.000 | 1.853 |
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје | 22.471 | 2.600.000 | 1.480 |
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица | 19.461 | 675.000 | 1.412 |
АЛКАЛОИД СО НАЈГОЛЕМА ПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА
Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Над овој просек единствено биле Алкалоид и Макпетрол. Всушност, тие биле значително над просекот. Така, просечната нето-плата во Алкалоид била 46.537 денари, а во Макпетрол 33.659 денари. Во овие две компании има и најголеми профити. Во Алкалоид профитот е 20,8 милиони евра и таму работат 1.860 вработени. Во Макпетрол профитот е 22,3 милиони евра, а има 1.870 вработени.
Според рангирањето, Макпетрол е шестиот најголем работодавач во земјава, додека Алкалоид е седми.
КАЈ НАЈГОЛЕМИОТ РАБОТОДАВАЧ 30 НАСТО ПОД ПРОСЕКОТ
Најголем работодавач, како што веќе пишуваше Пари, е Дрекслмајер. Компанијата има вработено 5.626 работници, а ланскиот просек бил околу 30 насто помал од минатогодишната просечна нето-плата. Имено, ланската просечна нето-плата во Дрекслмајер била 20.264 денари, а во државата 28.718 денари.
Какво е рангирањето на десетте најголеми работодавачи во однос на просечните нето-плати може да се види од следнава табела:
Назив | Нето-плати по вработен 2021 |
АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје | 46.537 |
МАКПЕТРОЛ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати ‒ Скопје | 33.659 |
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола | 24.693 |
ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Прилеп | 22.789 |
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје | 22.471 |
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани | 21.778 |
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип | 20.452 |
ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Кавадарци | 20.264 |
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица | 19.461 |
НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје | 17.401 |