fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државава доби статус на слободна земја од болеста чума кај овци и кози

Агенцијата за храна и ветеринарство

Република Северна Македонија од Светската организација за заштита на животните (ОИЕ), доби сертификат за статусот на земја, слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози). Со тоа го исполнивме условот на Европската Комисија за извоз од земјава, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, за РСМ претставува основа за полесен пристап до меѓународните и отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава“, изјави Николче Бабовски, директор на АХВ.

За добивање на статусот на РСМ за слободна земја од болеста чума кај мали преживари, АХВ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во државава, контролните системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот како и други податоци релевантни за добивање на овој статус.

Болеста чума кај малите преживари, според Бабовски, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

„Оваа болеста задолжително се пријавува во ОИЕ и затоа, и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста, АХВ и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба кај малите преживари“, заклучува Бабовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close