Агро бизнисБез категоријаВести
Пасошите, возачките и личните карти нема да важат од 12 февруари
Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат“, велат од МВР.
Личните карти, пасошите, возачките дозволи нема да важат после 12 февруари годинава. Доколку граѓаните не ги заменат, нема да можат да возат, ниту да поминуваат граници со документите кои немаат „Република Северна Македонија“, без разлика на фактот што тие не се со истечен рок.
„Издадените лични карти, патни исправи и возачки дозволи со името „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година поради потребата за усогласување со уставните измени. Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат“, велат од МВР.