fbpx
ВестиСовети

ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

anakiev

Една од специфичностите на земјоделството е што производителите се конзументи на своето примaрно производство или гo преработуваат. Затоа дел од производството не се појавува на пазарот, а дел стасува на пазарот како преработено,што има влијание на пазарноста. Под пазарност подразбираме дел од производството на примарните земјоделски производи што се откупува и се регистрира од официјалната статистика, а се утврдува со пресметка на процентуално учество на откупените количини во вкупното производство на соодветниот производ. За таа цел е потребно располагање со официјални податоци на произведените количини на примарните производи и со количините откупени производи, исто така од официјалната статистика.

Истражувањето и пратењето на движењето на пазарноста за подолг период може да овозможи донесување на државни мерки и активности за зголемување на пазарноста во колку тоа е ниска како во случајот на Македонија, каде пазарното производство се очекува од многу голем број ситни земјоделски производители кои своето производство пред се го наменуваат за натурална потрошувачка на семејството. Затоа ништо не е чудно што ние немаме доволно производство за извоз и за прехрамбената индустрија, па имаме голем дебаланс помеѓу извозот и увозот на храна кој изнесува 44,2 % (извоз 384.568 милиони долари, увоз 688.724 милиони долари 2016 година)

За анализите на движењето на пазарноста избравме седумнаесет производи кои се од најголемо значење на македонското земјоделство и поради исхраната на населението и поради потребите на извозот, но и поради што го карактеризираат асортиманот на производството. Анализата се однесува на последните 7 години (2010-2016) од официјалните податоци во статистичките годишници на РМ.

   Таб.1 Движење на обемот на производството и откупот на поважни производи 

Производ Показател 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Пченица во 000 тони Производ. Откуп 243

94

256

112

215

87

259

100

288

147

201

110

306

88

Пченка во 000 тони Производ . Откуп 129

6

126

3

116

5

131

3

137

3

134

6

149

6

Сончоглед во тони Производ. Откуп 7592

5458

8497

3753

4765

5460

3832

2700

9268

8064

8499

6729

6266

2359

Компир во тони Производ Откуп 200.000

53

193.00

153

165.000

121

190.000

295

199.000

879

189.000

105

197.000

90

Домати во 000 тони Производ Откуп 168

11

166

18

146

15

131

20

161

16

173

18

162

20

Пиперки во 000 тони Производ Откуп 168

3

154

10

166

8

152

10

176

7

189

16

182

25

Бостан во 000 тони Производ Откуп 135

3

127

5

128

4

127

10

137

3

131

5

140

7

Зелка во 000 тони Производ Откуп 107

1

107

2

94

2

120

6

115

8

145

5

140

9

Луцерка во 000 тони Производ. Откуп 124

2

129

1

116

1

113

1

131

1

111

1

112

1

Јаболки во тони Производ. Откуп 121.000

2082

125.000

1170

127,000

1427

113.000

2063

96.000

622

137.000

394

101.000

1274

Вишни во тони Производ. Откуп 5207

870

6519

578

8139

556

8867

565

8024

668

8448

1690

8074

4101

Сливи во тони Производ. Откуп 38431

176

35448

302

35444

475

38902

494

33181

232

41477

1284

33684

1158

Праски во тони Производ. Откуп 10213

104

9039

531

8987

1331

11034

2280

11558

2076

12006

1166

12108

1621

Грозје во 000 тони Производ. Откуп 253

40

235

45

240

37

292

67

196

68

325

96

333

78

Кравјо млеко во милион литри Производ. Откуп 347

84

376

106

350

106

381

114

387

136

361

137

403

148

Месо вкупно во 000 тони Производ. Откуп 23

10

22

6

23

11

21

9

22

7

21

8

22

8

Јајца во милиони  броја Производ. Откуп 336

101

296

73

237

68

216

84

248

75

203

81

178

117

 

За потребите на оваа анализа прикажани се движењата на вкупната продукција на производствата опфатени со анализата (таб.1) што дава можност да се оцени движењето на вкупното производство. Податоците  укажуваат на релативно нестабилен обем на производството особено кај сончогледот, градинарските култури, кај кои има релативно зголемување на вкупната продукција, како и кај овошките и грозјето. Релативно стабилна е продукцијата кај добиточните производи, но со намалување на бројот на јајцата. Земјоделството и денес зависи од метеоролошките услови,меѓутоа големите осцилации на приносите и вкупното производство ја покажуваат немоќта на производителите да ги ублажуваат природните влијанија на поради ниско ниво на технологија, техника и знаења.

Обемот на откупеното производсто зависи не само од обемот на производството туку и од обемот на побарувачката на производите на пазарот.

Очекувано беше, дека процентот на учество на откупните количини (таб.2) во вкупната продукција ќе биде ниска поради најголем обем на производството од релативно ситни   семејни стопанства чија примарна цел е задоволување на сопствените потреби. Најголем процент на откупени количини на производите е кај индустриските култури ( кај нас се од значење само сончогледот и тутунот) имено кај сончогледот учеството е доста променливо па се движи од 37,6 до 94,5%, додека кај тутунот е над 95% поради што го изоставувале од споредба, како општо позната состојба. Кај пченицата учеството е релативно високо. Како што се гледа (таб.2) производителите обезбедувале за сопствени потреби околу 50% од своето производство, а околу 50% за пазар. За разлика од пченицата, кај пченката за пазар произведувале под 5% од нивното произвоство. Ниско учество на отуп имаат градинарските култури и овошјето, освен праските, кои најчесто вишоците ги продаваат на зелените пазари, како и преработки во домашни услови.

Грозјето учествува во откупот со над 20%, а во последните години расте до над 30%.Кај  Кравјо млеко на пазарот земјоделците обезбедуваат околу 30% од своето производство.

Производ 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Пченица 38,7 43,8 40,5 38,6 51,0 57,7 28,7
Пченка 4,6 2,4 4,3 1,0 2,2 4,5 4,0
Сончоглед 71,9 40,6 94,5 70,5 87,0 78,2 37,6
Компир 0,02 0,08 0,07 0,8 0,4 0,05 0,04
Домати 6,5 10,8 10,3 15,3 9,9 10,4 12,3
Пиперки 1,8 6,4 4,8 6,6 4,0 8,5 13,7
Бостан 2,8 3,9 3,1 7,8 2,2 3,8 5,0
Зелка 0,9 1,9 2,1 5,0 7,0 3,4 6,4
Луцерка 1,6 0,8 0,9 0,9 0,9 0,9 0,9
Јаболки 1,7 0,9 1,1 1,8 0,6 0,3 1,3
Вишни 16,7 9,3 6,8 6,4 8,3 20,0 50,8
Сливи 0,6 0,9 1,1 1,3 0,7 3,1 3,4
Праски 1,0 5,9 14,8 20,7 18,0 9,7 13,4
Грозје 15,8 19,7 15,4 22,9 34,7 29,5 23,4
Кравјо млеко 2,4 28,2 30,3 29,9 35,1 29,6 36,7
Месо 43,4 27,3 47,8 42,9 31,8 38,1 36,4
Јајца 38,1 24,3 28,6 38,9 30,2 39,9 65,7

 

   Таб.2  Учество на откупните количини во обемот на производството

   во проценти

Кај месото процентот на откуп е релативно висок, во некои години над 40%. Кај јајцата пазарноста е во просек над 30%, а во последните години има сериозно зголемување.

Заклучок:  Македонското земјоделство претставено со најважните растителни и добиточни производства покажува ниско ниво на пазарност поради системот на ситно натурално производство. Ако се проследат аналитички последните години може да се види дека пазарноста се подобрува , но не е доволна поради што аграрната политика треба да ги изнајде формите на поддршка за зголемување на пазарноста на производството.

Проф.Д-р.Борис Анакиев


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close