вести

Дали му е потребна на Кочани изградбата на „АГРО БЕРЗА“?

Големиот број на проблеми со кои се судруваат земјоделците со пласманот на нивните производи е немањето она што ќе го произведат каде да го продадат. Затоа деновиве во неформални разговори дознавме дека поголемиот број од земјоделците сакаат да се обнови идејата во Кочани да се изгради „Агро берза“, преку која нивните производи ќе имаат сигурен пласман.

dali mu e potrebna na kochani izgradbata na agro berza

 

Идејата за изградба на „Агро берза“ не е со нов датум, напротив таа беше пласирана во јавноста уште на почетокот на 2010 година.

Имено на 03.Февруари 2010 година во салата за состаноци на Општина Кочани беше потпишан договор помеѓу Општина Кочани и холандската Компанија „Go 4 Agri“ за изградба на „Агро берза“. Тогаш договорот го потпишаа Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, Комерцијалниот директор на „Go 4 Agri“ Тео де Беиер, Директорот на КЈП „Водовод“ од Кочани Љупчо Папазов“ и сопственикот на Компанијата „Агроинвестиции“ со седиште во Виница. И се остана на потпишувањето на договорот.

Каде застанаа работите не и е познато на јавноста, но факт е дека на Кочани и околните општини, многу им е потребна изградба на „Агро берза“ бидејќи тогаш и квалитетот на произведеното ќе биде поголем а и цените ќе бидат загарантирани и ќе ги задоволат апетитите на производителите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close