Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарот Лазар Гугулјанов се жали-Никој не ни дава кутии за предавање на тутунот во Прилепски комбинат

Се работи за околу 90 договори со преку 100 тони тутун.

Тутунарот Лазар Гугулјанов од Валандово, поранешен кооперант на Далија Табак се жали дека тутунарите немаат кутии за предавање на тутун во Прилепскиот тутунски  комбинат, кој се обвза да ги откупи сите количини на тутун од овие кооперанти.

Гугулјанов реагира дека коопрантите на Далија Табак од Валандово и околните општини се распоредни својот тутун да го предаваат во Радовиско, Ракитец, тоа е околу 100 км од Валандово, а за некои села и повеќе.

Кутии никој не им дава. Тие се изложени на дополнителен трошок, а кога на сето тоа ќе се додадат и ниските откупни цени каде им е крајот на овие луѓе. Се работи за околу 90 договори со преку 100 тони тутун. Тутунски комбинат Прилеп зеде обврски дека ќе го откупи тутунот, а од друга страна молат Бога да не им го носат, пишува Гугулјанов во својата  реакција.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close