fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пченица произведуваме недоволно, а сончоглед колку за грицкање

Производството на сончоглед во Македонија е речиси преполовено во изминатата деценија

Поголема соработка меѓу производителите, преработувачите, државата и науката е нужна за зголемување на земјоделското производство, кое со децении опаѓа. Недостигот и поскапувањето на храната поради војната во Украина ја нагласува важноста од домашно производство на основните прехранбени производи.

Производството на сончоглед во Македонија е речиси преполовено во изминатата деценија, иако и претходно не беше ни блиску до доволно, а производството на пченица ретко која година ги задоволува домашните потреби. Не се произведуваат доволно ни останатите житни култури кои се користат како сточна храна, па и домашното производство на месо со години се намалува, пишува РСЕ.

Кусокот се надополнува со увоз, кој често е поевтин од домашното производство. Оваа година, пак, поради рускиот напад врз Украина, цената на житата и на сончогледот се драстично зголемени. Со оглед на тоа што Русија и Украина се најголеми извозници на пченица и сончоглед, постои страв од недостиг во целиот свет. Проблемите со ланците на снабдување, санкциите и штетите од војната врз посевите во Украина го зголеми глобалното стравување дека нема да има доволно храна, дека нема да може да се испорача навреме и дека цените ќе растат.

„Ова што се случува сега со Русија и во Украина треба да нè натера да размислиме дека мора сами да ги произведуваме основните животни производи“, вели пензионираниот професор на Земјоделскиот факултет Илија Каров.

Дополнителен проблем за домашното производство годинава се и ѓубривата, чија цена сега е зголемена за 3-4 пати. Русија е еден од најголемите производители на вештачки ѓубрива и клучни состојки за ѓубривата во светот, а недостигот веќе се чувствува. Земјоделците стравуваат дека недостигот од ѓубрива може да ги намали приносите за дури 30 проценти, а производствената цена да биде речиси двојно повисока од лани.

Уште еден проблем годинава е што снегот и обилните дождови ги поплавија посевите во Пелагонија, па се очекуваат штети на пченицата и на јачменот.

Нафтата, која се користи за земјоделската механизација, е поскапена за речиси двојно од лани, па тоа дополнително ќе ја зголеми производствената цена.

Стравот од недостиг ги испразни рафтовите во продавниците, па неколку дена беше предизвик да се најдат брашно и зејтин.

Стравот од недостиг ги испразни рафтовите во продавниците, па неколку дена беше предизвик да се најдат брашно и зејтин.https://www.slobodnaevropa.mk/a/31771439.html

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close