Печурките на компанијата „Аерус“ од Пробиштип го освоија европскиот пазар
Следува пласман и на малини!
Градењето партнерски односи е еден од клучните фактори за успех, особено во бизнисот. Поддршката која си ја даваат претприемачите нема цена, а успехот се мери во подобар квалитет, позадоволни купувачи, растење на бизнисот и на соработниците. Еден таков светол пример во македонски услови е стратешкото партнерство на ЛК Расбери, најголемиот производител на малини во Полог, со компанијата Аерус од Пробиштип. Партнерството воспоставено со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, создаде поволни услови за зголемување на производството на малини. Ова се овозможи преку разработување на синџирот за снабдување со заеднички ко-инвестиции и проширување на капацитетите, како и креирање на нови партнерства со добавувачи.
Неодамна тимот на Иновативност го посети Аерус во Пробиштип, компанија која засега има тројца кооперанти со над 2,5 хектари земјиште под малини и еден соработник со 1 хектар под капини. До крајот на годината се очекува да има околу 4 хектари родни насади, од кои следната пролет ќе може да се берат плодови. Ова е релативно нова дејност за компанијата која има долгогодишно искуство со извоз на повеќе видови диви печурки и шумски плодови на европските пазари. Во последно време, Aerus ја прошири својата мрежа на повеќе од 5.000 соработници, кои работат во три собирни центри лоцирани во различни региони на земјата.
Борче Николов, главен менаџер на компанијата, ни објасни дека производството и откупот на малината како дејност се наметнала како одговор на потребата ладилникот постојано да биде полн, поради сезонската застапеност на печурките. Тоа довело до соработката со Синиша од ЛК Расбери во 2015 година, по што во мрежата за малини влегуваат и нови кооперанти од источниот регион, но и нови култури како капини и култивирани шумски јагоди.
„Имаме кооперанти за шумските печурки и плодови од целата земја и наши откупни станици на повеќе локации со ладилници, за собраните плодови да не изгубат во квалитет. Станува збор за обучени собирачи кои ги познаваат и плодовите и правилниот начин за нивно собирање за да не се направи штета на природата. Пласманот (во свежа, сушена или смрзната форма) е доминантно на европскиот пазар, најмногу во Италија која е голем конзумент на печурки. Многу мал дел се пласира во ресторани и во некои маркети во земјава“, вели Борче.
Како и кај ЛК Расбери, капацитетите на Аерус за ладно складирање го достигнале својот лимит. Практично дотогашниот капацитет на ладилникот на компанијата бил доволен само за печурките. По започнувањето со одгледување на малини малиот капацитет на ладилникот претставувал проблем и значително ограничување со оглед на високиот потенцијал на овие сектори и изворот на приход за соработниците кои работат во овие синџири на снабдување. Со цел да се надмине овој проблем и поддржи синџирот на снабдување на малини во Северна Македонија, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем заедно со Аерус се вклучија во коинвестиција која го проширува капацитетот на ладилникот до 50%. Повеќе на линкотhttps://inovativnost.mk/