fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Печурката смрчка годинава само за сопствени потреби

Се нудеа и по петстотини денари за килограм смрчки, ама пролетва природата даде само за сопствено задоволство и уживање, изјави Атанас Стамаџиев за МИА, кавадарчанец кој бере тревки и печурки. Во годините кога има во изобилство, тој откупува печурки и од други луѓе.

„Годинава, имаше понекоја смрчка околу градот, во лозјата. Но, веќе завршија пред извесен период. Имаше и во планинските делови понекоја, па и тие завршија кога прекина дождот. Сезоната не беше добра. Времето едноставно не беше наклонето, за да можат љубителите на природата да уживаат во смрчките како извонредна природна храна. За количини за откуп воопшто не можеше да стане збор. Луѓето си береа по килограм – два, колку за своја душа. Така барем беше на овие простори. Дури и да сакаа, не можеа да соберат  повеќе за да продадат“, нагласи Стамаџиев.

Сезонава и цените биле многу пониски од некои други години, поради намалената побарувачка, како последица на затворените граници поради пандемијата од коронавирус. Дури и кога имало откуп, не се откупувале сите видови. Цената се движела од 80 до 500 денари за килограм. За оние за кои порано се откупувале за 1.200 денари за килограм, сега се нуделе само 500 денари.

Марјан Нојков од неготинско Долни Дисан, кој живее и работи во Скопје, секоја пролет дел од слободното време го користи за потрага по смрчки. Нагласува дека се вистински деликатесна и многу здрава храна.

„Растат на полјани, на песоклива и глинеста почва, на сончево место. Покрај лозјата, на меѓите. Ги собирам за семејни домашни потреби, не за комерцијална продажба. Има повеќе начини на приготвување, од обично пржење до разни специјалитети. Некои ги јадат свежо приготвени, некои ги нижат на врвци како пиперки, ги сушат, па дури подоцна ги приготвуваат. Или ги ставаат во замрзнувач, за да уживаат и во следна пригода. Јас најмногу ги сакам потпрженки со ориз. Идеално мезе се за бело вино и тиквешка ж’та од дисанско поднебје. Посебно ги обожаваат тие што не јадат месо, на диета се или постат“, раскажа Нојков за МИА.Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Слични написи

Back to top button
Close