Пенков: Земјоделците нема да можат да преживеат со новиот начин на субвенционирање
Ресорите каде се менуваат замениците се ресори кои се многу актуелни, но со негативен предзнак.
Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата за разрешување на замениците министри рече дека она што се случува во Собранието или предлогот за реконструкција на Владата е класично пазарење.
Ресорите каде се менуваат замениците се ресори кои се многу актуелни, но со негативен предзнак.
„Она што ние го говориме дека има вистинска пиар машинерија денеска се потврди како точно. Или потрошени 26 илјади евра за спонзорирани постови, а работат 36 лица во две смени. И се поставува прашањето дали е успешно ова. Се покажува дека не, бидејќи анкетите кои се направени во јавноста покажуваат дека води ВМРО-ДПМНЕ. Значи пиар-от е неуспешен и парите за џабе се потрошени“, рече Пенков.
Во земјоделието, рече Пенков, само се зборува за реформи, но не се прави ништо.
„Направено е само препишувањето на начинот на субвенционирањето кое е воведено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега со новиот начин на субвенционирање кое го предлага оваа Влада, прво аванс од 30 проценти, потоа 70 проценти земјоделците нема да можат да го преживеат“, посочи Пенков.https://kurir.mk/makedonija/