Агро бизнисВестиТоп вести

НЗМ – Бараме веднаш исплата на субвенциите за тутунарите

Aпел и прозивка до Сојузот на здруженија на тутунари: Каде е вашата морална и човечка одговорност? Зошто молчите додека се одвива оваа агонија?, велат од НЗМ

Соопштение од Националната земјоделска мрежа

ВЕТЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ НЕМА ДА СТАСААТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ!

Надежите се изгубени. Парите кои се неопходни за да се започне новата производна реколта 2026 едноставно ги нема. Апел и прозивка до Сојузот на здруженија на тутунари: Каде е вашата морална и човечка одговорност? Зошто молчите додека се одвива оваа агонија? Срамно е да се финансирате од маката на тутунарите, а да не застанете во нивна одбрана кога им е најтешко!

БАРАМЕ ИТНА РЕАКЦИЈА: Веднаш исплата на субвенциите – без никакви дополнителни условувања и одлагања од страна на институциите! Национална земјоделска мрежа останува цврста во поддршката за секој еден тутунопроизводител. Доста е од празни ветувања, време е да се врати достоинството на македонскиот тутунар.

Со почит Националната земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button