fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Енолози дегустираа и оценуваа вина произведени од средношколци

Нашите идни винари, кои што теоретски и практично се образуваат во Средното земјоделско училиште во Кавадарци.

Енолози дегустираа и оценуваа вина произведени од средношколци – идни винари, кои што теоретски и практично се образуваат во Средното земјоделско училиште во Кавадарци.

Од установата што постои 66 години, вчера попладне информираа дека најдобрите оценети вина ќе бидат наградени, а наградите ќе бидат доделени во четврток.

– Мострите од вино се произведени од наши ученици во домашни услови. Се дегустираа вина што ги изработија вредните и вешти раце на нашите ученици – идни енолози, со знаења што ги добија овде во нашето училиште, со помош на нивните ментори, појаснија од училиштето за МИА.

Оттаму нагласија дека активностите се во рамки на славењето на младото вино во ноември. Секој ноември, се дегустира младо вино за да се види квалитетот и потенцијалот на производот од грозје до последната берба.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close