fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Редок феномен: Двоглаво теле се роди во битолското село Лажец

Телето се родило во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“

Телето се родило во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“. Младенчето засега е живо и се однесува нормално, согласно состојбата во која се наоѓа. Има два пара очи, две усти, две уши. Дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе.

Редок феномен се случи викендов во битолското село Лажец – се роди двоглаво теле. Младенчето засега е живо и се однесува нормално, согласно состојбата во која се наоѓа.

Телето, како што може да се види и од видеата што беа доставени до редакцијата на Гласот на Америка, има споени черепи, два пара очи, две усти, две уши. Дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе.https://mk.voanews.com/a/voa-redok-fenomen-dvoglavo-tele-vo-bitolsko/5858299.html

„Изненадувачки е што телето почна да се однесува како и секое друго младенче, односно цица млеко и инстинктивно ја препознава храната. Функционира со еден мозок, а двете усти водат кон ист хранопроводник. Кога цица млеко со едната уста, истото движење го изведува и другата уста. Командата за нивно функционирање доаѓа од ист нервен центар“, објаснува докторот по ветеринарна медицина Сашо Ѓорѓиевски од амбулантата „Филипов“ во изјава за Гласот на Америка.

Сепак, како што додава Ѓорѓиевски, шансите за негово преживување не се големи.

„Како што ќе расте неговите потреби ќе се менуваат и прашање ќе биде колку време ќе преживее. Сепак, уште ништо не се знае. Се надеваме дека ќе живее подолго“, додава ветеринарниот доктор Ѓорѓиевски.

Во светот се регистрирани неколку случаи на младенчиња крави родени со две глави, односно две лица. Еден од таквите случаи е телето Лаки, кое во 2016 година се роди на фарма во Кентаки, САД. Тоа живееше 108 дена.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close