fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Петре Стојкоски вели дека новата влада ќе мора да се зафати со хаосот во земјоделството

Мора да се запрат прекупците, да нема самоволие на трговците за да може да опстане земјоделието – вели Стојкоски.

Петре Стојкоски од Асоцијацијата на земјоделци и фармери за порталот „Плус инфо“ вели дека и покрај тоа што земјоделците имаат разбирање дека новата влада прво треба да биде избрана и да се запознае со проблемите, сепак ќе мора да се зафати со хаосот во земјоделството кој владее во овој период, зашто земјоделците ќе ѝ тропнат на врата.

– Нека дојде новата влада. Ќе ја поздравиме, ќе почекаме да видиме што планира, но ќе ѝ порачаме од сега да не прави дополнителни проблеми туку да ги решава навреме за да не се продлабочуваат и да го предизвикува земјоделецот. Земјоделецот ќе почека иако нема време за чекање за неговиот производ кој може да скапе по нивите, но сакам да подвлечам дека земјоделецот е и Хашки суд за една влада. Ако нема навремени решенија, ако нема вистински закони и нивно спроведување, земјоделецот ќе дојде пред сите институции и ќе ги изрече пресудите. Мора да се запрат прекупците, да нема самоволие на трговците за да може да опстане земјоделието – вели Стојкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close