fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Директорот на АХВ ќе поднесе оставка, ќе стане советник на Заев

„Во текот на идната работна недела ќе дадам оставка од функцијата. Имам понуда од претседателот на Владата да бидам советник за областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик“, рече Атанасов

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, најави дека ќе се повлече од функцијата бидејќи добил понуда од премиерот Зоран Заев да биде негов советник.

„Во текот на идната работна недела ќе дадам оставка од функцијата. Имам понуда од претседателот на Владата да бидам советник за областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик“,

рече Атанасов на денешната прес-конференција.

Тој е директор на агенцијата од средината на 2017 година. Пред именувањето за прв човек на АХВ, Атанасов беше советник во кабинетот на Љупчо Николовски додека беше дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно во периодот на техничката влада.

Атанасов е доктор по ветеринарна медицина, а како официјален ветеринар во АХВ работел од 2011 година.

https://360stepeni.mk/direktorot-na-ahv-ke-podnese-ostavka-ke-stane-sovetnik-na-zaev/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close