Плодни земјоделски полиња стојат празни, а Македонија увезува дури 70% од потребите за храна
Состојбата последните години е критична и во најголемата житница во земјава Пелагонија. Според познавачите на приликите, до пред само десетина година, само комбинатот Пелагонија, засејувал помеѓу 8.000 и 10.000 хектари, при што се произведувале и повеќе од 70.000 тони лебно зрно, вклучувајќи ги овде и пролетните култури
Експертите велат дека со менување на земјоделските политики од корен, земјата може да биде земјоделски одржлива, поради одличните предуслови, кои ги поседува за тоа
Од некогаш плодното Струшко поле, денес нема речиси ништо. Од богатото со јаболкови насади, домати и пченица, до пред само три децении, останаа необработените површини, сега покриени со бројни депонии од градежен шут, а во близина се наоѓа и дивата градска депонија.
Но, сликата е речиси слична низ целата држава. Земјоделски површини зјаат празни. Земјава увезува дури 70% од потребите за храна, иако може да биде земјоделски одржлива велат агрономите.
„Нашето земјоделие сè повеќе треба да оди во насока на професионално земјоделство, а не аматерско. Треба да се зголемат професионалните земјоделци, дали како индивидуалци или како фирми и да се зголемат обработливите површини. Само со професионално земјоделие, ние ќе можеме да произведеме доволно количина по квантитет, меѓутоа не само тоа, таа количина која треба да се произведе за наши потреби, треба да биде по конкурентни цени, за да се дестимулира увозот од странство“, вели агрономот Мирослав Трајчески.
Состојбата последните години е критична и во најголемата житница во земјава Пелагонија. Според познавачите на приликите, до пред само десетина година, само комбинатот Пелагонија, засејувал помеѓу 8.000 и 10.000 хектари, при што се произведувале и повеќе од 70.000 тони лебно зрно, вклучувајќи ги овде и пролетните култури.https://mk.voanews.com/