fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Од сабота постудено и снег

Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови.

На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, соопшти УХМР.

Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close