fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

По еден век две карбински села добија канализација

(ВИДЕО)70 домаќинства и 10 тина фирми во Нов Караорман и Козјак во 21 век ќе добијат кананализциони системи и мали пречистителни станици за отпадни води.

По речиси еден век жители на две карбински села добиваат канализациони системи и мали пречистителни станици за отпадни води. Пред неколку децении немањето на водовод и канализација во македонските села ги натера жителите да се иселат во градовите или во странство. За разлика од пред три години кога беше минимален процентот на комуналната инфраструктура, сега е подобрен оценуваат од централната власт. Околу 45 % од македонските села имаат водоводи и каналиозациони мрежи.

70 домаќинства и 10 тина фирми во Нов Караорман и Козјак во 21 век ќе добијат кананализциони системи и мали пречистителни станици за отпадни води. На овие жители и фирми отпадните води им завршувале во близина на домовите и во нивите, сега прочистените води ќе одат во реките Брегалница и Козјачка река.

Токму  немањето на комуналната инсфрастуктура во македонските села ги натера голем дел од  жителите да се иселат во градовите или странство и ги  оставија празни куќите. Последните анализи покажуваат дека за три години зголемен е процентот на комуналната инфраструктура и сега околу 45 % од селата во земјава имаат водоводи и канализации. Првиот човек на министерството за транспорт и врски Благој Бочварски апелира градоначалниците да бидат побрзи при аплицирање на ваквите проекти.

Руралната општина Карбинци поради малите приходи што ги има, изминатите години комуналните инфраструктурни проблеми ги решава со пари од централната власт. Само оваа инвестиција чини 25 милиони денари.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close