По усвојувањето на програмите на Владата ќе бидат исплатени субвенциите за лозарите
По 10 февруари се очекува исплатата на субвенциите
По усвојувањето на владините програми за 2023 година се очекува да бидат исплатени и субвенциите за лозарите, а исто така и да се отпочне со предвидената динамика за исплата на субвенциите за земјоделците по сите гранки, потврдува Никица Бачовски, првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за Зелена берза.
И лани по 10 февруари беа исплатени субвенциите за лозарите.
Исплата на апликантите кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по мерката „директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки лозови насади“.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски за Зелена берза најавува дека средствата кон лозарите ќе се исплаќаат пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат теренските активности и подготовката за производство на новата реколта на домашно произведено грозје и вино.
Според Бачовски Агенцијата како и досега ќе продолжи со праксата на неселективна исплата на субвенции за сите кои правно – законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка.
А.Б