
По поплавите препораки за земјоделците
Земјоделците од поплавениот скопски регион, пред да ги посеат површините, пожелно би било да однесат почва на аналзиа за да се утврди што да се засади. Анализите чинат 1.200 денари од кои потоа државата ќе им врати 70 отсто или 840 денари.
Инаку, стручњаците предупредуваат дека тетовскиот, скопскиот, струмичкиот и пелагонсискиот регион се најзагрозени од поплави. Ова се должи на климатските промени, велат од Федерацијата на фармери. Додаваат и дека е многу важно земјоделците да почнат со осигурување на посевите, а овоштарниците да ги заштитуваат со мрежи со што ќе спречат нивно оштетување. Од Федерацијата не сметаат дека доцнат со советите до земјоделците кои беа поплавени. Од Федерацијата на фармери побараа банките да почнат да даваат поволни земјоделски кредити кои може да се користат за агро – техничка заштита на посевите.