fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

По зима без снег, треба пролет со дожд за земјоделските култури

Мразевите што изминатите години се појавуваа и во март и април уништуваа голем процент од овошките во државата, особено кај црешите и јаболките

На струмичкото поле ќе му се заканува суша ако нема доволно врнежи и во пролетниот период. Прилично топлите зими без снег ја намалуваат можноста да се задржи поголема влажност во земјата и вештачките акумулации. Агроексперите велат дека недостатокот на снег не е трагичен ако пролетните врнежи се чести, а умерените температури се добри за културите.

Иако затоплувањето е добро за полјоделството, овошните насади може да останат без род, ако се појават ниски температури кон крајот на февруари и почетокот на март, бидејќи тие и порано цветаат.

Мразевите што изминатите години се појавуваа и во март и април уништуваа голем процент од овошките во државата, особено кај црешите и јаболките.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close