Почна изградбата на нов далекувод во Овчеполието
Овој 110 киловолтен далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица во Овче Поле е во вредност од 3,2 милиони евра.
Во близина на локалниот пат кон село Мамутчево во близина на експресниот пат Велес-Штип поставен е камен темелник за изградба на далекувод.
Овој 110 киловолтен далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица во Овче Поле е во вредност од 3,2 милиони евра.
-Со овој далновод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија во кои забрзано се инвестира во изминатиот период, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
Директорот на МЕПСО Орхан Муртазани рече дека ова е неопходната инфраструктура што ќе обезбеди не само сигурност и стабилност во снабдувањето со електричната енергија на жителите и стопанството во светиниколскиот регион туку и ќе даде можност за приклучување на нови корисници во преносната мрежа и интеграција на нови обновливи извори на енергија.
Ова, како што потенцира е капитален инфраструктурен проект, а далекуводот што ќе се гради е на постоечка траса изграден пред 62 години.