вестиТоп вести

Исплатени се субвенциите за тутун ! Понеделник парите на Вашите сметки !

Денес Министерот Димковски и Директорот Бабовски објавија дека започнува исплатата

Ве информираме дека од денес започнува исплатата на субвенциите за тутунот.

Голема благодарност до Министерот Димковски и Директорот Бабовски кои го оджаа своето ветување. Ова ни дава мотив да веруваме во сите нивни наредни ветувања и да се увериме дека имаме луѓе на позиција кои ги слушаат земјоделците и нивните барања и како највисоки претстаници на овој сектор дејствуваат и работат за добро на сите нас, змјоделците.

Јасно е дека ќе има и незадоволни групи на земјоделци кои одгледуваати други култури , но , драги мои , кога имаме соработници на функција кои сакаат да помогнат, со наша и ваша заедничка сугестија,  со дописи,  прашања ќе пробаме да ги средуваме барем поголемиот дел од проблемите.

Јас лично, верувам во вас земјоделци,верувам во вашата чесна и макотрпна работа  и исто така верува дека ќе успееме. Патот е долг, искушенијата се големи, ќе губиме битки, ама верувајте, војната ќе ја добиеме.

Земјоделецот и сега а и во иднина ќе остане најважната личност на еден општествен систем. Можеби ни требаше пандемијата тоа да го сфатиме ама го сфативме сите до еден.

И верувам дека овие функционерите ќе ни помогнат во  оваа мисија нарачена ЗАДОВОЛЕН И УСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ !

Како и да е,  НАЈГОЛЕМА благодарност  до Вас , пожртвувани луѓе,  кои не храните секојдневно !

Ваша Зелена Берза

Одговорен уредник

Христина Фуна

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close