Почна поставувањето мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион
Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари. Вакви мерни станици ќе има на 18 локации во Тиквешкиот Регион, а денеска беше поставена првата – во Кавадарци.
Почна посоставувањето мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари. Вакви мерни станици ќе има на 18 локации во Тиквешкиот Регион, а денеска беше поставена првата – во Кавадарци.
-Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од заштита. Со поставувањето на овие мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, на лозово – овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер, со што значително ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите, велат од Општината.
Вредноста на регионалниот проект е 10.000.000 денари со вклучен ДДВ од кои 9.000.000 се обезбедени од Бирото за регинален развој преку Вардарско-планскиот регион, додека останатите 1.000.000 се од општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.