Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Почна судењето за Илија Стоилев и уште неколкумина обвинети за поткуп со ИПАРД програмата

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Илија Стоилев (во притвор), и Џевдет Насуфи (во куќен притвор) како управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50 000 евра, потпишал договор за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп, беа уапсени во ноември минатата година.

Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој заедно со уште неколку физички лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и уште едно правно лице, се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма, седнаа на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје.

Судењето, како што беше договорено на денешното подготвително рочиште, продолжува на 30 април, за дел од одбраната на обвинетите да изврши увид во доказите, кои, како што реагираа, дел не им биле доставен, а дел не бил во електронска форма.

Обвинителство за предметот има поднесено 16 кластери со докази до судот, меѓу кои видеоматеријали од надзорни камери и од вештачење на одземени електронски уреди.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова.

Обвинителниот акт, поднесен од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судот го прифати во целост во февруари годинава и се однесува на пет физички лица за разни кривични дела, и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма.

Дел од паричните средства што биле дадени како поткуп, како што информираа од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при претрес.

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Илија Стоилев (во притвор), и Џевдет Насуфи (во куќен притвор) како управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50 000 евра, потпишал договор за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп, беа уапсени во ноември минатата година.

Првоосомничениот Џ.Н. (77) се товари дека сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Првоосомничениот, според обвинението, како управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до ноември 2025, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.

Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на Агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, пренесува МИА.

Поврзани новости

Back to top button
onwin   onwin   fixbet   onwin   onwin   mrking   holiganbet   holiganbet   holiganbet   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   marsbahis   betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet