Почнува Винската визија на Отворен Балкан во Белград
За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“
БЕЛГРАД – Богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар на саемот „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, професионални собири од различни формати, мастеркласови, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и билатерални состаноци на кои на изложувачите ќе им се даде можност да го прошират својот бизнис, нуди саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“, што почнува денеска во Белград.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, на Белградскиот саем.
На Саeмот ќе има околу 300 излагачи од повеќе земји од целиот свет, секако најбројни се оние од Србија, но не заостанува ни Македонија, од каде ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.
Од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а на 2 септември во Белград ќе биде организирана и Македонска вечер, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, на која се очекува да присуствуваат 500 гости.https://nezavisen.mk/pochnuva-vinskata-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/