Почна проценката на штетите во Струмичко и во Могила – најпогодени пиперот и житата, како и тутунот

(Oвој напис е објавен на: July 9, 2018)

Вчерашното невреме ги докрајчи земјоделците од битолско и струмичко. Поројниот дожд, проследен со силен ветер и крупен град предизвика големи штети, пред сè на земјоделските култури.

Тутунот во Могила е целосно уништен. Таму општинската комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на настанатите штети на земјоделските култури.

Во струмичкиот регион општинската комисија за проценка на штети од утре ќе излезе на терен. Во овој регион најпогодени се селата Муртино и Сачево, во чии атари посевите на отворено се целосно уништени од градот, а силниот ветер ги искина најлоните на пластениците. Дел од земјоделците, кои веќе се соочија со проблеми поради слабиот откуп на некои земјоделски култури, полагаа надежи на родот на пиперката и пченицата. Сега и тие се уништени.

Министерот за земјоделство денеска го посети овој крај и изјави дека проценките за настанатата штета ќе се испратат до владината комисија за обесштетување, каде ќе се обработат предметите.

Според најавите, нестабилното време, особено во западните и крајните источни делови, ќе потрае сè до вторник, од кога се очекува стабилизација.


 

сител