Регистар: Почна запишувањето на новите земјоделски стопанства
Почнува запишувањето на новите земјоделци и новите фирми во регистарот на земјоделските стопанства. Запишувањето е еден од условите за добивање субвенции. Промени во сопственичката структура исто така мора да се евидентираат во регистерот.
Од 1-ви февруари до 15-ти март оваа година земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат во Регистарот за земјоделски стопанства.
Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.
Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за субвенции.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за замјоделство каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.