fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Почна жетвата на лебното зрно во штипскиот и овчеполскиот регион

Во штипско-карбинскиот и овчеполскиот регион, кој е втора по големина житница во земјата интензивно се жнее пченицата, лебното зрно.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека оваа година за житните култури ја оценуваат како средно родна година, бидејќи недостасуваа мајските дождови. Производната цена на пченицата не е дефинирана.

Земјоделците бараат таа да биде 12 денари за килограм, но очекувањата се дека таа ќе биде на нивото од лани, кога килограм пченица во зависност од квалитетот се откупуваше од 9,5 до 10,5 денари.

– Меѓудругото цената на пченицата зависи и од реколтата во Србија. Најавите се дека таму годинава ќе има добар род, а имаат и резерви од лани, вели Шаклев.

Гоце Серафимов еден од најголемите производители на јачмен и пченица во Општина Карбинци вели дека годинава се намалени приносите на јачмен, а ништо подобро не се очекува ниту од пченицата. Серафимов има над 50 хектари под житни култури деновиве е постојано на нивите, каде што комбајните го собираат родот. Забележува дека просечната цена на јачменот чија жетва завршува е 7,7 денари по килограм. Друг проблем е што поради намалувањето на сточниот фонд во државата нема и кој да го купи.

– Сточниот фонд е намален, во моментов одгледувачите на свињи се обезбедија со јачмен, сега ќе чекаме наесен со побарување на се појават сточарите. Она што можам да го кажам дека на нивите каде што се посеани со семенски материјал имаме поголеми и подобри количини, вели Серафимов.

Македонија произведува приближно 240 илјади тони пченица, што не е доволно да се задоволат потребите на домашниот пазар, тоа земјава ја прави зависна од увоз во време на пандемија кога лесно може да се затворат границите,пишува МИА, а Канал 5 објавува.

 

Слични написи

Back to top button
Close