Почна жетвата на оризот во кочанско

 

 

Со  традиционално зажнејување  на оризовите полиња на Земјоделскиот институт во Кочани започна жетвата на „белото злато “. Во присуство на бројни домашни и странски гости , меѓу кои и евроамбасадорот Самуел Жбогар, министрите Љупчо Николовски и Сухејл Фазлиу и градоначалниците од регионот се одржаа активности  кои потсетија на традиционалните обичаи  што се дел од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Оризот е застапен на околу 2 600 ха, но интересот на земјоделците за одгледување на оваа култура од година во година опаѓа. Градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев потсети на тоа дека оризот иако  е стратешки земјоделски производ  и значи егзистенција на многу земјоделци, интересот се намалува,  нивите се напушатаат, а доказ за тоа е што од некогашните девет илјади хектари сега се засејува една третина.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, најави дека на следната седница на Владата, како за јаболката, така и за оризот ќе бидат донесени пакет мерки за поддршка на производителите на ориз, со цел да имаат рентабилно производство и да има стабилен откуп и цени.

Кочанскиот ориз е бренд кој се соочува со голема конкуренција од Турција и Италија. Министерот Николовски на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ најави финансиска подршка  преку Програмата за рурален развој за 2019, со цел да се модернизира оризо производството  и со примена  на нови сорти  ориз кои се барани на странските пазари да се постигне поголем принос.

Од  годинешната реколта се очекуваат просечни приноси од 5000 кг/ха, а се очкува вкупно да се ожнее 15 000 тони оризова арпа.

Земјоделските производители се надеваат на  зголемување на откупната цена со оглед на тоа што има помало производство, но  и покрај тоа цената е под очекуваното и се движи околу 13ден за килограм арпа.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

Share Button