Ѓоко и Анкица од Далмација се вратиле во Србија, во околината на Панчево и купиле една коза да имаат млеко за себе, пишува српски Курир.
Почнале со само една коза, а денес Добриќ имаат цело стадо, и произведуваат повеќе видови сирења.
Купувачите доаѓаат кај нив по препорака, и тоа посебно по козји кашкавал.
Нивните сирења се продадени во Швајцарија и Египет, но работата воопшто не е лесна.