вестиЛов и риболов

Под концесија се нудат пет ловишта во Струга, Делчево и Кочани

Во тек е огласот за давање под концесија на 5 ловишта во општините Струга, Делчево и Кочани.

pod koncesija se nudat pet lovishta vo struga delchevo i kochani

 

Повикот е објавен на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за поднесување на понуди трае до 25 април 2016 година. Можат да аплицираат домашни и странски правни лица,  кои ќе ги исполнат условите во тендерската документација. Концесиите се доделуваaт за период од 10 до 20 години, зависно од тоа дали се работи за ситен или крупен дивеч. Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите. Понудувачите можат да достават понуда за едно или за повеќе ловишта.

Обврска на концесионерот е да инвестира во ловиштето, во дивечот и да има ловочуварска служба.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close