fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Гоце Талевски од Егри-До кога ќе чекаме да не обештетат за невремето од јуни 2019?!

Институциите си ја префрлаат „топката“. Обесштетувањето е во рацете на Републичката комисија за штети и истата треба да постапи по доставениот елаборат за настаната штета

Зошто земјоделците од Егри се уште не зедовме пари за невремето во летото 2019 година кога градот ни го уништи родот на нашите ниви? До кога ќе чекаме државата да не обесштети? Секаде во светото земјоделието е на цена, само кај пропаѓа. Ова е апелот на Гоце Талевски земјоделец од битолското село Егри чии ниви настрадаа од град пред две години.

Нема достапен опис

Невреме со град на 16 јуни 2019 година во попладневните часови го зафати атарот на Егри, нанесувајќи голема штета врз градинарските и житните култури. Градот предвреме ги „обра“ пиперот, бостанот, сончогледот, пченицата, тутунот, пченката… Селаните тогаш се пожалија дека  ги погоди голема несреќа, сѐ што имаа посадено и посеано беше  уништено. Градот невообичаено врнеше 45 минути и зафати околу 200 хектари од полето.

Нема достапен опис

-Цело село чекаме на обештетување за невремето од летото 2019 кога силен град со големина на орев ни го уништи родот. Тогаш настрадаа нивите на речиси сите земјоделци од Егри зашто уште не беше почнат процесот на консолидација на земјиштето нивите беа расцепкани, и сега и ова лето пак на истото место мана гардот, за жал пак направи штети. Состојбата е ногу лоша, чекаме две години и никој не споменува за пари да не обесштети, а за истото невреме што ги зафати нивите во Општина Могила земјоделците беа обесштетени. Барам јавно одговор од надлежните – каде е закочена работата, и кога ние земјоделците од Егри ќе си го добиеме обесштетувањето, повикува Талески во разговор за „Зелена берза“.

Нема достапен опис

Претставници на локалната власт и надлежни за земјоделство од Битола уште тогаш веднаш излегоа на терен. Беше формирана Комисијата за утврдување на штети од невреме и елементарни непогоди, па на  јавен повик земјоделците ги пријавија штетите, по што ќе следуваше и проценка на уништеното на самиот терен.

Од тогаш се до денес земјоделците чекаат обесштетување.

-Имаме докази, снимки и фотографии кога се дојде на нашите ниви и што ни ветија, од ветувањето не добивме ништо. Еднаш ни кажаа од Општината дека предметот бил загубен, бројчето било загубено, друг пат дека грешката била исправена. Ова е катастрофа за нас. Самата Општина прогласи елементарна непогода значи државата требаше да одвои средства за таа намена, што се случи после тоа бараме јавно одговор, вели Талески.

Нема достапен опис

Овој наш земјоделец обработува 3 хектари земја, под бостан и куртовска капија.

-Работиме за џабе, и оваа година бостанот и пиперот се со ниски цени. За пиперот иако цената не е дефинирана сепак со сигурност можам да кажам дека родот ни е преполовен од временските непогоди, кисели дождови. Тоа ќе ни го преполови родот. А за бостанот што да ви кажам само 5 денари од килограм се дава на откуп. Неисплатливо кога знаеме дека 60 денари е литар нафта, 1.250 денари вештачкото ѓубриво, како ќе ни биде исплатливо? Земјоделецот кога прави пресметки не го става својот труд во таа цена, само трошоците и пак е нерентабилно производството, се пожали Талевски, најавувајќи дека следната година нивите ќе ги сее со житарици нема веќе да сади бостан и пипер за мизерни цени.

 

Општина Битола и МЗШВ „топката“ ја префрлаат на Владата на Републичката комисија за штети 

На прашање на „Зелена берза“ од Општина Битола одговорија дека „од страна на Општина Битола се подготвени и предадени потребните документи за нанесена штета врз земјоделските површини од невремето во летото 2019 година до Владата на РСМ“.

Нема достапен опис

На истото прашање поставено до МЗШВ одговорија – „Сакаме да напоменеме дека штетите во селото Егри, Општина Битола не се доставени до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку истите се доставени до Републичката комисија за штети и истата треба да постапи по доставениот елаборат за настаната штета“.

Од МЗШВ за „Зелена берза“ уште велат дека – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство нема законска надлежност да постапува по барањата за поднесени загуби предизвикани од временските непогоди и неповолни климатски настани поради тоа што се направени измени во Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019) и укинати се членовите 99 – Помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани и 99-б- Дополнителна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани според кои се вршеа проценки и исплати за штети.

Сите штети кои се настанати по бришењето на членовите во Законот за земјоделсто и рурален развој се доставуваат до Републичката комисијата за штети што ја формира Владата на Република Северна Македонија и која постапува согласно Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2004, 49/2004, 86/2008, 124/2010, 18/2011, 93/12, 41/2014, 129/2015, 71/2016, 106/2016 и 83/2018 ), одговорија од МЗШВ.

„Зелена берза“ испрати прашање и чека одговор од  Влада.

Анета Блажевска

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close