fbpx
Вести

Поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток

Државата со поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток – ова е новата мерка од програмата која ја претстави лидерот Никола Груевски за време на посетата на сточарска фарма во село Нова Брезница. Максималната вредност на прифатливите трошоци, ќе изнесува до 10 милиони денари по корисник. Мерката ќе започне да се применува од јануари 2017 година, а право на користење ќе имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во единствениот регистер на земјоделски стопанства.

krava

Преку високоприносен добиток се обезбедува поголем принос кој значи поголем приходподобар квалитет на производот било да е млеко или месо  и поголем период на лактација кај добитокот кој дава млеко и поголема месна маса кај добитокот наменет за производство на месо. Груевски истакна дека поголема продуктивност во сточарското производство во државата може да се постигне само преку промена на сегашната структура и набавка на попродуктивни грла со висок генетски потенцијал којшто во основа е високоприносен добиток.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close