Поевтино е да увеземе 100 политичари отколку 10 илјади работници
Во услови кога во Македонија има над 112 илјади невработени, власта повторно ја отвора дебатата за увоз на работници од странство. Велат дека недостигаат 10 илјади работници. Место да зголемат плати, тие бараат работници од Бангладеш, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Поевтино е да увеземе 100 политичари, кои можат да обезбедат работа за повеќе од 110 илјади невработени, отколку 10 илјади работници, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, по изјавата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи дека во земјава недостига работна сила, која ќе се бара од странство.
Сега се дозволува вработување на странци само според строго определена квота и во дефицитарни професии. Лани во Македонија имало имало 5.300 работници од странство.
По состанокот со бизнис делегација на Источниот комитет на Германското стопанство на 14 март, Битиќи рече дека се повеќе компании се жалат дека многу тешко наоѓаат работници затоа што македонските бегаат во странство.
„Бегаат за повисоки просечни плати. Кај нас 550 евра е просечна плата, каде што одат да работат е 1.100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат, просечната плата е 200 евра. Тоа е природен циклус на движење“, изјави Битиќи.https://www.slobodnaevropa.mk/