ВестиЕкологијаМакедонија

Погон во Штип испуштал канцерогени гасови, пред одземање дозволата за работа

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП  по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти стрелиште Пенуш и полигонот Криволак.

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП  по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти стрелиште Пенуш и полигонот Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30.9.2020 година, но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата директорка Ана Петровска.

Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 км од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола  во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројката или начинот на складирање на суровините и готовиот производ.

Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролиза на 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење (базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники, со систем за автоматска декомпресија, автоматско празнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти.https://nezavisen.mk/pogon-vo-shtip-ispushtal-kancerogeni-gasovi-pred-odzemanje-dozvolata-za-rabotai-plastika-vo-pogon-vo-shtip/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close