Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Полицијата ги фати крадците на тракторот во Подмочани
Лишени од слобода се тројца крадци од Лажани, Битола и Прилеп
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово во текот на вчерашниот ден и денеска лишија од слобода три лица Е.С.(38)од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46)од с.Лажани, општина Долнени поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани ,ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен. Тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.