fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Откриен меѓународен синџир за продажба на лажно квалитетно вино од 15.000 евра по шише.

Француската и италијанската полиција објавија дека откриле меѓународен синџир за продажба на лажно квалитетно вино од 15.000 евра по шише.

Шест лица, меѓу кои и еден руски државјанин, се осомничени дека ја водел целата операција, а се уапсени во Париз, Торино и Милано.

Тие наводно ги фалсификувале етикетите на познатите француски винарии, кои потоа ги продавале по пазарна цена преку трговците со вино ширум светот. Француските обвинители велат дека групата заработила два милиони евра од измамата.

Француски државјанин е обвинет за организирана измама и перење пари.

Обвинителите најавија дека ќе биде обвинет и осомничениот водач, 40-годишен Русин.

При заплената се пронајдени „големи количини шишиња со различни фалсификувани сертификати за квалитет (Гранд Кру), етикети за вино, восочни пломби, состојки за полнење вино, технички машини за повторно запечатување шишиња и луксузна стока“, како и електронски уреди во вредност од 1,4 милиони евра и повеќе од 100.000 евра во готовина, се наведува во соопштението на Европската полициска служба – Европол.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close