fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Половина милион вработени во Хрватска беа наградени за работни резултати

Како хрватските компании ги наградуваат работниците

Околу половина милион работници вработени во 39.000 компании во Хрватска веќе добија награда за работните резултати оваа година, секој просечно по околу 2.400 куни (320 евра) или вкупно 1,24 милијарди куни (околу 165,4 милиони евра).

Наградата за резултати од работата може да се исплати во износ до 5.000 куни (околу 667 евра), без обврска за плаќање даноци и придонеси, а по регресот и Божиќниот бонус, тоа е најмасовната награда.

Минатата година, 71.000 компании исплатија таква награда на 788.000 вработени, кои беа наградени во просек со по 3.200 куни (околу 427 евра). Вкупната годишна вредност на наградата за резултатите од работата во 2020 година изнесувала 2,5 милијарди куни (околу 333,5 милиони евра).

Плаќањето за трошоци во градинка е, исто така, една од новите можности за наградување на работниците, која беше воведена кон крајот на 2019 година. Нешто повеќе од 3.000 работодавачи им плаќаат за градинка на децата на околу 5.300 нивни вработени, а оваа година работодавачите издвоија 21,7 милиони куни (околу 2,9 милиони евра) за покривање на трошоците за градинка, во просек по 4.100 куни (околу 547 евра) по работник.

За покривање на целосните трошоци за изнајмување стан и домување „настанати за време на вработување кај работодавачот“ оваа година, 900 компании користеле за 2.000 вработени. Во првите седум месеци од оваа година, тие трошоци изнесувале во просек околу 13.000 куни (околу 1.734) по работник, пишува Вечерњи лист.

Покрај „стариот“ регрес, работодавачите можат да ги наградат своите работници со плаќање на трошоците за годишен одмор, што досега го користеле 249 компании за 1.406 вработени, од кои секој добил просечно по дополнителни 2.200 куни (околу 293 евра). https://nezavisen.mk/polovina-milion-vraboteni-vo-hrvatska-bea-nagradeni-za-rabotni-rezultati/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close