Производителите на зелка остварија средба со Николовска

(Oвој напис е објавен на: March 21, 2018)

nkolovska

Советничката во Влада, за земјоделство, Ленче Николовска за оваа недела најави повеќе активности.

Денеска имаше средба со производителите и откупувачите на зелка за моменталната состојба во ова производство. Поканети беа сериозни и докажани земјоделски производители.

„Производителите на зелка испратија свои претставници со кои разговаравме за моменталната состојба во ова производство. Нивните барања и очекувања се истити со години, а новото е пристапот на Владата во поддршка на најтешкиот дел за нив- пласманот“ – истакна Николовска.

Николовска најави и почетни разговори со поледелците и мелничарите на тема „Очекувана жетва и цена на пченицата“.

„Земјоделското производство мора да се следи, прогнозира и реагира навреме.

Канцеларијата на Претседателот на Владата, Зоран Заев е отворена за нашите производители на храна“ – заврши Николовска.

Share Button