Полупразни се откупните пунктови за тутун во Општина Карбинци
Лани неквалитетен тутун се откупуваше по цена од 300 денари, годинава ова е цената за екстра квалитетен тутун.
Полупразни се откупните пунктови за тутун во Општина Карбинци. Тутунарите од Плачковичкиот регион низ годините наназад во овој период од годината чекаа ред да го предадат тутунот. Од откупните пунктови велат дека во текот на денот доаѓаат по неколку земјоделци и тутунот веднаш се откупува.
Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци вели дека годинава е поразителна ако се земат во предвид количините на тутун и цената по која се откупува.
Лани неквалитетен тутун се откупуваше по цена од 300 денари, годинава ова е цената за екстра квалитетен тутун. Каракашев истакна дека ова е една од главните причини поради кои откупните пунктови се празни.
Според него ако не се преземат мерки, може да се очекува дека производството на тутун во државата драстично ќе биде намалено.
Тутунопроизводителите очекуваат разумна цена за останатиот тутун кој треба да се предаде. Во Карбинци во едниот откупен пункт предвидени се 180 тони, а досега се откупени половина, додека во вториот откупени се 80% од предвидвидената количина.