fbpx
Вести

Помалку површини ќе се засеат со ориз во кочанско поради лошата хидролошка состојба

kocansko

За половина помалку ориз ќе се засее годинава на земјоделските површини во кочанскиот регион. Слабите врнежи од снег и дожд во текот на зимскиот и пролетниот период се причина за полупразните акумулации од хидросистемот Брегалница.

Поради тоа, на прес конференција, од водостопанската подружница во Кочани излегоа со официјална потврда дека го менуваат веќе усвоениот годишнен план за наводнување, затоа што не можат да ги обезбеди потребните количини вода.
„Од предвидените 5.100 хектари, што ги имавме зацртано за оваа година и со кои можевме да се пофалиме, бевме цврсто убедени дека ќе ги постигнеме, но на наша страна не беше времето. Скративме некаде околу 2000 и нешто хектари, а треба да скратиме уште 600. Тоа би значело дека, со овие скратени полиња, во моментот, ние се уште не сме добри, се уште ќе имаме проблеми во текот на годината, сè уште ќе има рестрикција на вода ако остане вакво времето“, рече Николчо Гоцев, раководител на водостопанската подружница “Брегалница“ – Кочани.
Земјоделците велат дека не се изненадени од промената на годишниот план за наводнување. Велат дека и без тоа планирале да не сеат ориз затоа што се уште не ги добиле субвенциите за неколку години, па првокласното земјиште ќе го остават необработено.
„Сметајќи од 2012 до 2016 година немаме земено дел од земјоделците субвенции. Се погребуваат оризовите површини, и со цената и со исплата на субвенциите“, рече Зоран Борисов од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.
Акумулацијата Калиманци, која е главна за хидросистемот Брегалница од кој се наводнуваат оризовите полиња, во моментот има околу 65 милиони метри кубни. Тоа е за половина помалку од минималните колични за да се задржат претходно планираните површини што требаше да се засеат со ориз.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close