Пропаѓањето на колониите пчели поради климатските промени и користењето на инсктициди би можело да значи уште една лоша година за производството на мед во Франција, предупредуваат француските пчелари.
Пчеларите низ целата земја алармираат за состојбата, бидејќи нивните пчели умираат, а производството на мед е во опасност.
„Пчелите ништо не може да соберат! Првиот дел од сезоната беше катастрофален. Потрошувачите мора да бидат на готовс, оваа година ќе биде многу тешко да се најде француски мед“, предупреди претседателот на земјоделско здружение MODEF, Роберт Аигоин.
Катастрофалното производство на мед, за жал, не е новина. Уште во 2017 година насловите во медиумите предупредуваа на лошите состојби во производството. Претходната, 2016 година беше една од најлошите во историјата, сo произведени само девет илјади тони, во споредба со вообичаените 18 до 20 илјади тони.
Франција е петти производител на мед во ЕУ. Другите големи производители, како што се Шпанија, Романија, Полска, Унгарија, Грција и Италија бележат големи флуктуации во производството.
извор: 24инфо.мк