fbpx
Вести

За пет години дуплирано производството на вино во шишиња

za pet godini duplirano proizvodstvoto na vino vo shishinja

Изминативе пет години во подем е производството на флаширано вино. Така во 2015 година производството во споредба со 2010 година речиси двојно е зголемено и достигнало 797.081 хектолитри.

Од вкупно 70.139 активни деловни субјекти во Република Македонија, околу 11% или 7.972 се од дејност од областа на индустријата. Во однос на бројот на вработените статистичарите забележале дека поголемиот број од нив дури 5.194 деловни субјекти се со помалку од 10 вработени.

Во одност на структурата учеството на капиталните производи лани, во споредба со 2010 година, е зголемено за 10,8%. Тоа се должи како што потврдуваат анализите на започнувањето со работа на деловните субјекти во новоотворените Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) низ земјата.

Така лани од главните индустриски групи, најголемо учество во вкупниот индекс на индустриското производство имаат нетрајните производи за широка потрошувачка со 38,7%, додека најмало учество има групата на трајни производи за широка потрошувачка со 2,7%.

Овие бројки се поткрепуваат со податокот дека изминативе пет години во подем е производството на флаширано вино. Така во 2015 година производството во споредба со 2010 година речиси двојно е зголемено и достигнало 797.081 хектолитри.

Изминативе години во пораст е и производството на цигари кое што достигнало 4.018 тони, но и производството на ферментиран тутун од 21.365 тони.

Раст се регистрира и во производството на цемент кое што достигнало 671.542 тони,а производството на феролегури достигнало 63.397 тони.

Овие нови статистички податоци се дел од новата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) која што е објавена на нејзината интернет станицата.

Публикацијата е наречена “Макстат избор“ и како што велат статистичарите целта е да се привлече вниманието на јавноста со интересни податоци. Истовремено заводот ќе продолжи со своите напори за зголемување на продукцијата на статистичките изданија кои ќе нудат еден поинаков пристап кон статистичките податоци.

Најголемо учество лани во структурата на македонското индустриско производство

имаат одделите производство на прехранбени производи со 12,7%, потоа следува производство на облека со околу 11,7% и производство на електрична енергија со

9,2%.

Во овој сегмет минатата година има раст на производството на хидроелектрична енергија које што е зголемено за околу 60% во однос на 2014 година. Таа успешна година хидроелектричната енергија учествува со 32% во вкупното производство на електрична енергија.

Во пораст е и користењето на лигнитот, така што од вкупното производство на лигнит, дури 98% се користат за производство на термоелектрична енергија.

Што се однесува, пак, до прометот на индустријата остварен на странските пазари од 2010 година до 2015 година тој е зголемен за 37% и во 2015 година неговото учество е 78% во вкупниот промет во индустријата.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. Comment savoir avec qui mon mari ou ma femme discute sur WhatsApp, alors vous cherchez déjà la meilleure solution. L’écoute clandestine sur un téléphone est beaucoup plus facile que vous ne le pensez. La première chose à faire pour installer une application d’espionnage sur votre téléphone est d’obtenir le téléphone cible.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close