fbpx
Без категорија

Поради дождовите ќе доцнат пролетните работи

niva

Поради обилните дождови пролетните сеидбени работи ќе доцнат барем 15-ина дена, а кога ќе се повлече водата од нивите мора да се прихрани житото зашто може да има намалување на приносите, велат од Агенцијата за поттикнување на земјоделството од Прилеп.

Според Горан Томески, раководител на подрачната единица во Прилеп, нема поплави од дождовите во прилепскиот регион но голема е влагата во почвата и сите работи во полето ќе доцнат, а така е и со расадопроизводството на тутунот.

– Во седум денови во Прилепско наврнаа околу 30 литри вода на метар квадратен. Нема полави, но затоа има огромна влага во почвата што не дозволува да се влезе во нивите. Тоа ќе предизвика доцнење на пролетните сеидбени работи барем за 15-ина дена. Ќе доцни и расадопроизводството на тутунот. Кај градинарските култури нема поголем проблем зашто расадопроизводството на пиперката е под пластеници, вели Томески.

Што се однесува до есенските култури, особено житото мора да се изврши прихранување зашто приносите може да се намалат.

– Штом ќе се повлече водата во нивите, мора да се изврши прихранување на есенското жито. Од дождовите „измие“ е азотот“, па за да нема проблеми мора да се прихрани. Ако тоа не се направи може да има намалување на приносите кај житото, а и да угинат дел растенија. Некаде, каде немало соодветно прихранување преку зимата, веќе се јавува пожолтување на растенијата, објансува Томески.


 

новамакедонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close