fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пченицата поскапе за 14, а пченката за 10 проценти-Остри апели до Путин, ОН и ММФ

Антонио Гутереш од ОН апелираше до Русија да продолжи со спроведувањето на претходниот договор за извоз на жито од Украина. Со неодамнешниот колапс на договорот за жито меѓу Украина и Русија, „најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш. Тој рече дека веќе има негативни ефекти врз светските цени на пченицата и пченката.

Цените на пченицата се зголемени за повеќе од 14 отсто од понеделникот, кога Русија се повлече од договорот за жито, а цените на пченката се зголемени за повеќе од 10 отсто.

„И Русија и Украина се од клучно значење за глобалната безбедност на храната“, рече Гутереш.

Тој истакна дека низ историјата тие сочинувале 30 отсто од светскиот извоз на пченица и јачмен, една петтина од целата пченка и повеќе од половина од сончогледовото масло.

„Ја повикувам Руската Федерација да се врати на имплементацијата на Црноморската иницијатива, во согласност со мојот последен предлог“, рече Гутереш и ја повика меѓународната заедница да биде обединета во изнаоѓањето решение за ова прашање, пишува Seebiz.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) процени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските патишта може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи, пренесува Ројтерс.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close